Кошничка -

0.00 ден
0
Избрано 0 продукти во кошничката.
Вкупно 0.00 ден
Добредојдовте на еШопинг.мк !

Кошничка -

0.00 ден
0
Избрано 0 продукти во кошничката.
Вкупно 0.00 ден

Копилето од Истанбул

шифра N/A
Цена

380.00 ден

Во Копилето од Истанбул, Елиф Шафак, една од најистакнатите современи турски писателки, го отсликува турбулентното минато на својата земја во јасна и сликовита приказна што се одвива во Турција и во Америка.
Централното место го има „копилето“ од насловот, Асја, деветнаесетгодишна девојка што ги обожава Џони Кеш и француските егзистенцијалисти, и четирите сестри во фамилијата Казанџи што живеат под ист покрив во Истанбул: Зелиха, мајката на Асја, бунтовната и своеглава најмала сестра што држи салон за тетовирање; Бану, која неодамна ја открила „гатачката“ во себе; Џеврие, вдовица и наставничка по национална историја; и Фериде, хипохондрик опседната со неизбежни катастрофи; нивната строга мајка, и нивната баба што тоне во заборавот на Алцхајмеровата болест.
Нивниот единствен отуѓен брат живее во Аризона со жена си и нејзината ќерка Армануш, Ерменка по татко. Армануш тајно лета во Истанбул во потрага по сопствениот идентитет и остатоците на тешкото семејно минато, и бргу се спријателува со Асја. Со доза на мистицизам, се расветлува долго чуваната тајна што ги поврзува овие две фамилии уште во далечната 1915 година.
Полна со живописни незаборавни ликови, Копилето од Истанбул е храбра, моќна приказна што ја вивна Шафак на врвот на светската книжевна сцена.

Количина:
Категорија

Vendor Information

Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина.