Куклен театар

250.00 ден

„Сите прослави кои ги приредуваме за нашите блиски и другарчиња се секогаш поубави кога имаме друштво, кога имаме со кого да играме, прославуваме и се радуваме. Ваква поука можеме да извлечеме од приказната за Куклениот театар на Марко, со кој малиот роденденски славеник сака сам да си игра.
Но, малите рачиња и десетте прстиња не можат да ги додржат сите пет кукли – животни, па не може да го изведе посакуваниот куклен театар…

Оваа инспиративна и сугестивна приказна, е показател дека за добра игра, преточена во театар, потребни се повеќемина, нешто што и нам, на повозрасните ни недостига, пред сѐ поради нашата тврдоглавост, па дури и старечки инает.
Поради тоа, треба да ја прочитаме оваа сликовница книга и да ги прифатиме поуките што ни ги нуди Неше Рамовиќ.“