Детали за достава
Достава за 3-5 работни денови .
400.00 ден
Уште една ингениозно заплеткана мистерија што може да ја реши само генијалниот ум на славниот белгиски детектив.
Враќајќи се од ручек Херкул Поаро еден ден пред својот дом затекнува налутена и бесна жена. Инсистира Поаро да ѝ објасни зошто ѝ испратил писмо во кое ја обвинува за убиство на извесен Барнабас Панди, човек за кого таа ниту слушнала ниту го видела претходно.
Но ни Поаро нема чуено за такво лице, а уште помалку обвинил некого за неговото убиство. Видно вознемирен влегува дома, каде што го чека уште еден непознат посетител што исто така тврди дека утрово примил писмо со обвинение од Паоро за убиството на Барнабас Панди.
Зачуден и изненаден, Поаро се прашува уште колку такви писма се испратени во негово име. Кој и зошто ги испратил? И што е уште поважно, кој е Барнабас Панди, дали е навистина мртов и, ако е, дали се работи за убиство? Можно ли е да се одговорат сите овие прашања, а да не се загрози нечиј живот?
Легендарната ѕвезда на Агата Кристи од „Убиство во Ориент експрес“, од најновите случаи во „Убиства со монограм“ и „Затворениот ковчег“, се враќа во уште една ѓаволски замрсена загатка што се одвива во Лондон во триесеттите години на минатиот век.