Градот и градот

400.00 ден

Кога во несекојдневниот, остарен град Бесел, некаде на периферијата на Европа, ќе го откријат телото на убиената жена, инспекторот Борлу од Единицата за екстремни злосторства смета дека тоа ќе биде рутински случај. Но како што истрагата напредува, доказите почнуваат да укажуваат на заговори што се многу почудни и повеќе погубни отколку што претпоставуваше. Набрзо истрагата станува преопасна и за него и за оние што му се важни и Борлу мора да ја премине границата каква што не постои никаде на друго место и да отпатува во една метропола на држава која е исто толку чудна колку и неговиот град.
„Одличен роман на тема полициски процес и прекрасна урбана фантастика, ова е основно четиво за љубителите на детективски и фантастичен роман.“
Booklist

„Кога духовното чедо на Филип К. Дик и Рејмонд Чандлер би го негувал Франц Кафка, делото што од тоа би настанало би потсетувало на романот Градот и градот од Миевил.“
Los Angeles Times

Според овој роман во Лондон е снимена популарната телевизиска серија под наслов The City and the City во продукција на BBC Two