Детали за достава
Достава за 3-5 работни денови .
450.00 ден
Никогаш не е доцна да се смениме кон подобро. Тоа можеме да го постигнеме со менување на лошите и со зацврстување на корисните навики. Добитникот на Пулицерова награда, новинарот на Њујорк тајмс Чарлс Дјухиг нè води по тој пат на трансформација нудејќи ни едно ново поимање на човековата природа и нејзиниот потенцијал за развој.
Авторот ни ги открива начинот на кој функционираат навиките и механизмите со кои можеме да ги промениме. Низ конкретни примери од животот на олимпиецот Мајкл Фелпс, директорот на Старбакс Хаурд Шулц, борецот за човекови права Мартин Лутер Кинг Помладиот и десетина други познати и помалку познати личности, Дјухиг објаснува како со примена на новите научни сознанија за навиките можеме да предизвикаме позитивни промени не само во нашите животи, туку и во нашата работна средина и во целото општество.
Моќта на навиките изобилува со објаснувања на многу важни прашања:
– што претставуваат навиките и како работи мозокот
– какви навики имаат успешните луѓе и компании
– кое е Златното правило за промена на навиките…
Ако верувате дека можете да се промените – тогаш промената станува реална. Во тоа лежи моќта на навиките: во сфаќањето дека нашите навики се она што ние ќе избереме да ни биде навика. А кога таа еднаш ќе се автоматизира, неумоливо нè носи кон успех.