ЧЕТИРИЕСЕТ ПРАВИЛА НА ЉУБОВТА

450.00 ден

Во својот заводлив лиричен роман Четириесет правила на љубовта, светски познатата турска авторка Елиф Шафак ни ткае две паралелни приказни – едната современа а другата историска – и преку „четириесетте правила на љубовта“ ни ја доближува древната суфистичка филозофија што се заснова на единството на сите народи и вери и присуството на љубовта во секој од нас.

Ела Рубинстајн е четириесетгодишна несреќно омажена домаќинка што добива ангажман да прочита и да напише извештај за Слатко безбожништво – историски роман за судбоносната средба на исламскиот учител Руми и неговиот духовен водач, ексцентричниот дервиш скитник познат како Шемс од Тебриз. Притисната од личните проблеми, но и заинтригирана од мистериозниот автор Азиз З. Захара – фотограф, светски патник и суфист, таа започнува да се допишува со него. Низ приказната за контроверзното духовно пријателство и улогата на дервишот во длабоката преобразба на Руми во посветен мистик, страстен поет и поборник за љубовта, и самата Ела доживува трансформација, сфаќајќи дека Азиз, исто како Шемс, дошол да ја ослободи.

Четириесет правила на љубовта е магичен преплет на Истокот и Западот, на минатото и сегашноста, во една безвремена човечна и трогателна приказна што смело ги расветлува разликите меѓу религијата и духовноста, цензурата и сомилоста, стравот и универзалната љубов.

Детали за достава

Достава за 3-5 работни денови .