Детали за достава
Достава за 3-5 работни денови .
252.00 ден
„Кратки приказни за досонување“ е книга за деца составена од 18 кратки приказни и 18 илустрации. Автор на приказните е Зорница Христова, илустрациите се дело на Миглена Папазова. Приказните раскажани со едноставни реченици, сместени во секојдневниот детски хронотоп (на детското игралиште, на тротоарот пред зграда, во џебот од палтото итн.), пред малиот сонувач отвораат цел еден космос на чудесни и необични случувања. „Кратките приказни за досонување“ се приказни кои даваат и суптилни одговори за прашања кои ги „мачат“ малите сонувачи, како на пример зошто Сонцето и Месечината речиси никогаш не се заедно на небото или што сè може да има во еден џеб од заборавеното есенско палто. „Кратките приказни за досонување“ содржат и суптилни тишини со кои се премолчуваат сите прашања за кои нема одговор и кои едноставно треба да се отсонуваат.
Целата книга се чита во еден здив, а препрочитувањето на секоја од приказните е задолжително. Приказните за досонување се толку силни што ја пробиваат онаа невидлива граница помеѓу сонот и јавето, а ликовите некако лесно се препознаваат и на улица, и извикуваат ревносно при секое протнување на раката в џеб, при средбата со секоја изгубена ракавичка на улица, при секоја средба со татко насладен со печени костени во есен. Секоја „Кратка приказна за досонување“ се чита за неколку минутки, а одзвонува низ детската фантазија со денови, се вгнездува како никулец и ја буди креативната потреба да се раскажуваат приказни која е заразна како Кивавица. „Кратките приказни за досонување“ се наменети за големи и мали сонувачи, и за дечиња од 3 до 10 години.