Адитив за дизел гориво -40 Profitech 500ml. – 19065

383.00 ден

Aditiv za dizel gorivo -40 Profitech 500 ml. – 19065

АДИТИВ ЗА ДИЗЕЛ – Против замрзнување
Опис: Средство против замрзнување на дизел гориво.
Ја подобрува работата на моторот при ниски температури и го заштитува дизел горивото од кристализирање/мрзнење.
Предности:
• Безбедно дизел гориво во зимски услови.
• Спречува формирање на кристали при работа на ниски температури.
• Го спречува кристализирањето на дизел горивото како и бавниот проток во филтрите, вентилите и целиот внатрешен систем на горивото.
• Ја намалува точката на мрзнење на горивото (CFPP)
за 10 до 12˚C.
• Спречува таложење на восочни кристали на дното од резервоарот.
• Штити од нагризување, р’ѓа и корозија.
Намена: Наменето за сите (common rail) дизел системи со или без турбополначи, кои работат со ниско или нормално ниво на сулфур, кај (био) дизел горивата.
Начин на користење: Ставете ја бараната количина во резервоарот пред точење на гориво.
Дозирање: Препорачаната количина на Дизел Адитивот Против Замрзнување е 0.5 л. на 500 л. дизел гориво. Да се користи пред секое точење на гориво за да се спречи евентуално кристализирање.
Забелешка: Кај Б20 биодизел горивото третирањето треба да биде двојно од обичното за да се постигнат слични резултати.
Датумот на траење е втиснат на амбалажата.