Универзален подмачкувач Sonax – SX90 со распрскувач 474100

200.00 ден

Univerzalen podmackuvac Sonax – SX90 so rasprskuvac 474100

Идеално средство за решавање на проблемите во автомобилскиот сектор, домаќинството, хоби секторот и техничките сервиси. Ги разлабавува рѓосаните или закоравени делови (како завртки, навртки) и ги заштитува од повторна корозија. Обезбедува безшумно движење на бравите, заклучувачките цилиндри, пружините и металните шини. Ги елиминира чкрипавите звуци кај прозорците, вратите и шарките. Ги заштитува, подмачкува и одржува чувствителните делови на електричните алати и мотори, механизми, апарати за домаќинство и машини. Ги чисти, заштитува и подмачкува ланците и запчаниците на моторите и велосипедите. Може да се користи и како контакт спреј кај системите за палење, ја растерува влагата, ги одржува електронските компоненти, чисти и оневозможува појава на електрични споеви. Го отстранува катранот, лепливите остатоци и етикетите. Доаѓа со додаток за распрскување. Можност за два начина на распрскување со едноставно додавање на тенкиот распрскувач за недостапните места. Нето: 100 мл.

Нема залиха