Освежувач Kangoo – Лимета 90103

248.00 ден

Osvezuvac Kangoo – Limeta 90103
KANGOO се освежувачи во форма на гел кои се произведени врз база на природно есенцијално масло од органското соединение “Limonen” кое се наоѓа во лушпите на агрумите (портокал, лимон, лимета и други цитрусни овошја). Преку природен процес на хидродистилација, овошните лушпи се потопуваат во вода и се загреваат се додека не се ослободат молекулите на ароматичното масло, кое е во основата на овие освежувачи.
Со својата природна и освежителна арома Лимоненот има анти-стрес и смирувачки својства. Базата од Лимонен за овој производ е со потекло од Јапонија а пакувано во Кина,има долготраен ефект и испушта мирисни ноти до 60 дена од отворањето на лименката.
“KANGOO е нов иновативен бренд на нашата компанија АТОМЕМ, со кој ја збогатуваме палетата на квалитетни и реномирани освежувачи.