КНИГА ЗА ГРОБИШТАТА

400.00 ден

Малиот Ник Овенс одеднаш ќе остане сам на светот по бруталното убиство на неговите родители. Напуштен од сите, ќе најде засолниште и љубов на најневообичаеното место – едни стари градски гробишта, каде што ќе го одгледаат духовите на луѓето кои се закопани тука. Стоејќи на границата меѓу животот и смртта, Ник ќе порасне во необичен младич кој конечно ќе ја открие вистината за себе дури откако ќе научи дека само љубовта ги надминува границите на смртта.

Нил Гејман е супер ѕвезда во светот на книжевноста токму поради храброста да допре необични теми, да си игра со жанровите и сето тоа да го пренесе до читателот на едноставен и разбирлив начин. Во „Книга за гробиштата“ Гејман прави необичен спој од хорор, трилер и семејна приказна за растењето и созревањето на еден млад човек, раскажана со многу топлина, љубов и хуманост.

„’Книга за гробиштата‘ е книга во која се собрани сите елементи во кои Гејман е најдобар: силна приказна, незаборавни ликови, мистерија, хорор, митови и само мала, но неизбежна, алузија на супер херои и вампири.“ Њујорк тајмс