Детали за достава
Достава за 3-5 работни денови .
600.00 ден
„Мудар родител – време е за градинка“ е книга што е од суштинско значење за сите родители што имаат деца на возраст од две до шест години. Со неа ќе станете родител каков што отсекогаш сте сакале да бидете!
Психологинката и семејна терапевтка Хедвиг Монтгомери одговара на сите прашања поврзани со децата што се на предучилишна возраст: Што значи доброто воспитување? На кој начин детето расте и се развива преку играта? Колку е важно за детето да се дружи со другите деца? Дали караницата меѓу браќата и/или сестрите е опасна? Како да излезете накрај со неволите, бујната фантазија и со сите нови емоции што ќе го обликуваат детското секојдневје?
Во периодот кога одат во градинка, децата се многу љубопитни и тогаш го формираат односот кон светот што ги опкружува. Затоа вашата најважна задача е да допрете до нив и заедно да ги дискутирате доживувањата и искуствата со кои се соочуваат. Детето треба да сфати дека вие сте водич од доверба.
Норвешкиот серијал од пет книги Мудар родител почна да се објавува во 2018 година и стана меѓународна сензација што се чита во над 25 земји.