Креативна визуелизација

250.00 ден

Креативна визуелизација е уметност на користење умствени слики и афирмација за воведување позитивни промени во животот. Успешно се применува во здравјето, образованието, бизнисот, уметноста, спортот – всушност, позитивно влијае на секое поле од животот. Долгогодишен бестселер со продадени над шест милиони примероци во светот, овој прирачник уште со првото издание покрена ново движење во личниот развој.

Овој класичен водич изобилува со медитации, вежби и техники што ќе ви станат дел од секојдневјето и ќе ви овозможат да управувате со сопствениот живот. Со помош на моќта на имагинацијата можете да го создадете она што го сакате во животот, и многу повеќе:

– да ги искорените лошите навики,
– да ја зголемите самодовербата,
– да напредувате во кариерата,
– да ја развиете креативноста,
– да ги подобрите виталноста и здравјето,
– да практикувате длабока релаксација.

Нема залиха