Сестрите од Версај

450.00 ден

Низ дворските кулоари кружат приказни дека на младиот крал Луј XV по седум години брак му здодеала неговата сопруга. Сега сите дворјани се трудат да ја пронајдат соодветната љубовница, што истовремено би ги задоволила потребите на кралот во креветот, но и политичките желби на владетелите од сенка.
Семејството Нел надалеку е познато по убавината на петте сестри, а четири од нив ќе се најдат во кралската прегратка.
Во годините што следат, слатката и наивна Луиз, амбициозната Полин, волшебната Дајан и проникливата Мери Ен ќе се соочат со многу страдања, завери и интриги за да се изборат за својата љубов и моќта што ја посакуваат. А петтата? Петтата сестра сум јас и моја обврска е да ви раскажам како навистина се одвиваа работите.
„Бевме пет сестри, а четири од нас станаа љубовници на нашиот крал. Само јас ја одбегнав неговата прегратка, но тоа беше мој избор: можеби сè што зборувам се случило во далечното минато, но женската суета е вечна. И затоа морам да ви кажам: можев. Ако сакав. Бидејќи тој – кралот – секако го сакаше тоа.“