Девојките од песочниот замок

350.00 ден

1915 година. Елизабет Ендикот пристигнува како волонтер од Бостон во Алепо, Сирија. Стотици илјади ерменски жени и деца се прогонети од своите домови во Отоманската Империја! Ерменскиот геноцид го уништил семејството на младиот инженер Армен. Кога Армен заминува од Алепо и патува во Египет за да се приклучи на британските трупи, почнува да ѝ пишува писма на Елизабет. Полека сфаќа дека е вљубен и дека, ако не најде начин да се врати, ризикува да ја изгуби засекогаш!

Години подоцна, ја запознаваме Лора Петросијан, романсиерка од Њујорк. Иако дневната соба во домот на нејзините баба и дедо била наречена „Отомански анекс“, таа никогаш не му придавала голема важност на своето ерменско потекло. Но, кога една стара пријателка ќе ѝ се јави, тврдејќи дека на изложба во Бостон видела фотографија од баба ѝ, Лора тргнува на патување низ историјата на своето семејство, кое ѝ открива љубов, загуба и вознемирувачка тајна закопана за идните генерации…