Детали за достава
Достава за 3-5 работни денови .
350.00 ден
ВИЛИЈАМ ВЕНТОН, МОМЧЕТО СО ГЕНИЈАЛЕН ТАЛЕНТ ЗА ОДГАТНУВАЊЕ ШИФРИ, СЕ СООЧУВА СО НОВА ЗАКАНА! Откако почнува да трпи таинствени напади поради кои ја губи контролата над сопственото тело и способност за разбивање на кодови, Вилијам се загрижува дека неволјите му ги предизвикува интелигентниот метал луридиум. Постои само едно место каде што може да побара решение за својот проблем: Институтот за постхумно истражување. Но на Институтот веќе ништо не е како порано… Неговата стара соба сега изгледа како затворска ќелија, а движењето по Институтот строго се контролира. Менторите на Вилијам не сакаат да му кажат што се случува, иако е очигледно дека сите од некого или од нешто многу се плашат. Тогаш ја дознава грозната вест дека крадецот на луридиум, злосторникот Абрахам Тали, побегнал од својот криогенски затвор во подрумот на Институтот. Потрагата по него Вилијам го води на Хималаите, во подземен храм опкружен со планински врвови и длабоки пештери што ја чуваат тајната на настанокот на луридиумот. Вилијам повторно ќе се изложи на голема опасност во обидот, заедно со дедо му, да го запре злобниот Абрахам и неговата помошничка Корнелија, кои имаат намера да го ослободат луридиумот и да ги изложат луѓето на неговото погубно дејство… Тајниот портал е втора книга од серијата за возбудливите авантури на младиот Вилијам Вентон. Веднаш по објавувањето книгата стана книжевен феномен и досега е објавена во 37 земји, а наскоро се очекува и холивудски филм.