Во врска со онаа ноќ

390.00 ден

ТОЈ ИГРА ИГРИ… И покрај тоа што Рилан Пирс се обидува да им се спротивстави на магнетските сили кои ја привлекуваат кон богатиот наследник Кајл Роудс првата ноќ кога се запознаваат, неверојатната хемија помеѓу нив не може да се игнорира. Но кога таа завршува извисена за нивниот прв состанок, Рилан претпоставува дека нема да го види никогаш повеќе. Па така, девет години подоцна, кога ќе се најде лице в лице со Кајл во судница, таа е шокирана и изненадена. Најголемиот проблем на убавата обвинителка е тоа што тој сѐ уште нездраво ја привлекува…

НО ТАА ГИ ДИКТИРА ПРАВИЛАТА… Штотуку ослободен од затвор после неколкумесечна казна за голема глупост, Кајл Роудс воопшто не е возбуден што треба да биде главен сведок во важен криминален случај – но кога Рилан ќе тропне на неговата врата, тој сфаќа дека таа е единствената адвокатка на која не може да ѝ каже НЕ. Сѐ уште прекрасна и безобразна како и секогаш, таа ги диктира правилата: нема мешање на работа и задоволство. Но Кајл нема намера да се откаже од тоа што го сака – а тоа што го сака е единствената жена која никогаш не успеал да ја заборави.

Слатка, смешна, секси и жешка… Оваа книга би била идеална за филмските платна – Bookreviews Magazine.

Нема залиха