Детали за достава
Достава за 3-5 работни денови .
500.00 ден
од: Кристин Хана
Ернт Олбрајт, поранешен воен затвореник, се враќа од војната во Виетнам како сосема променет, непредвидлив и насилен човек. Кога губи уште едно работно место, носи импулсивна одлука: решава да го пресели семејството на север, во Алјаска, каде што ќе живеат далеку од модерното општество, во дивината на најдалечната американска граница.
Тринаесетгодишната Лени, девојче кое созрева во турбулентно време и кое е заробено во вртлогот на страсната и бурна врска на нејзините родители, се осмелува да се надева дека новата земја ќе води до подобар живот за нејзиното семејство. Таа е очајна да припаѓа некаде. Нејзината мајка, Кора, ќе направи сѐ и ќе отиде дури и на крајот на светот за човекот што го сака, па макар и тоа значело да го следи во непознатото.
На почетокот се чини дека Алјаска ќе биде одговор на нивните молитви. Во дивината наоѓаат страшно независна заедница полна со силни мажи и уште посилни жени. Долгите сончеви денови и дарежливоста на локалното население надоместуваат за неподготвеноста на Олбрајтови и нивниот недостаток на ресурси. Но со наближувањето на зимата во Алјаска почнува да настапува темнина и кревката психичка состојба на Ернт дополнително се влошува, па семејството почнува да се крши. Убавината надвор почнува да бледее во споредба со опасностите внатре во домот. Во нивната мала колиба покриена со снег, под превезот на ноќта долга 18 часа, Лени и нејзината мајка ја откриваат ужасната вистина: дека се препуштени сами на себе. Во дивината, нема кој да ги спаси ако не се спасат самите.
„Прекрасната самотија“ е неверојатна приказна која ќе ве остави будни цела ноќ; приказна за љубовта и загубата, борбата за преживување и дивината која живее во природата, но и во човекот.