Насон прочитана книга

250.00 ден

Тоа беше мала книшка по обем, со сосема обични корици, еднобојни, но, допрени од времето, личеа на печена глина и го имаа оној карактеристичен мирис на стара хартија. Сосема обично и логично. Насловот: Adeptus Anonimus – Sommnium. Година на издавање 1890, Лондон. Издавач: Теозофско Друштво. Морав да седнам. И седнав во еден ќош. Изненадувањето ми беше огромно, но не знам дали поради него, со голема брзина во мојата глава минуваа и се менуваа и борхесовиот сон и еден одамна прочитан и заборавен сон на Јунг, а го видов и Успенски – иако не знаев како изгледа – како ù вели на една мачка: ако е ова сон, оваа мачка нека се престори во пес.