Каспар

199.00 ден

Кога драмскиот текст ,, Каспар” на австрискиот драматург Петер Хандке се појавува во јавноста во 1967 година, пречекан е како ,,драма на деценијата“, а во поглед на важноста и на манирот, споредуван е со Бекетовиот „Чекајќи го Годо“.

Пред нас се појавува сцена со главниот и единствен лик на неа, Каспар, со маска на лицето и со едвај нешто што личи на логична зборовна низа на усните.

Каспар, со текот на времето минато на сцената, преку логични и нелогични зборовни секвенции и физички дејства и содејства, научува да зборува „нормално“ и станува „креативен“, поради што, на крајот, е и уништен.

„Каспар“ е дело чијашто централна тема е јазикот и неговата способност да измачува, преку што општеството, со своите обиди на поединецот да му ги наметне својот јазик и своите рационални вредности, успева да го натера на имитација и на негирање на себеси, на својата индивидуалност и посебност и, со тоа на неговото поништување како свесен поединец.