Сеништето

500.00 ден

Преселувајќи се во Хонгконг, Хари Хуле мисли дека засекогаш ги оставил зад себе своите трауми, исто како и кариерата во полицијата. Но се случува нешто незамисливо: Олег, момчето што порасна со Хари, е уапсено поради убиство. Не можејќи да поверува во тоа, Хари се враќа дома за да го најде вистинскиот сторител. Иако повеќе не работи во полицијата, тој самостојно го истражува прометот на наркотици по улиците на родниот град, што ги пустоши една нова дрога. На секој чекор го чекаат изненадувања, а истрагата на едно навидум типично наркоманско убиство, добива размери што Хари не ги предвидел. Речиси сите траги водат во иста насока…
Во оваа досега најлична истрага, Хари мора да се соочи со своето минато и со потресни вистини за Олег и за себе.

„Исклучително… Ова е најличната истрага на Хари, но Несбе не му дозволува на својот јунак да ја занемари потрагата по вистината поради својата татковска љубов кон Олег, колку и да го чини тоа.“ Паблишерс викли

Shipping Continents: Европа


Достава од :: Македонија


Достава за 3-5 работни денови from Македонија


 

Начин на достава :

Полиса за достава


 

Refund Policy

Политика за враќање

Информации за Добавувачот