ДЕВОЈКАТА ШТО САКАШЕ ОДМАЗДА

500.00 ден

Лизбет Саландер и Микаел Блумквист се враќаат во петтото продолжение на серијалот Милениум на Стиг Ларсон! Осудена на двомесечна затворска казна поради самоволно постапување при спасувањето на животот на едно дете, Лизбет Саландер одбива да каже што и да е во своја одбрана. Таа се интересира за многу поважни нешта. Микаел Блумквист секоја недела поминува долг пат за да ја посети – но и за да добие некоја нова трага за своето истражување, кое би било значајна приказна за списанието Милениум. А неа, пак, тоа би можело да ја одведе до вистината за нејзиното детство. Иако е попречена од корумпираниот затворски систем кој во голема мера го раководат озлогласени затворенички, Лизбет по секоја цена ќе се бори за своите убедувања. Ќе ја бара вистината поврзана со сопственото сеќавање од детството – сеќавањето на жената со белег на вратот што потсетува на змеј што блуе оган…

Тензијата и моќта на исклучителните херои од трилогијата Милениум на Стиг Ларсон, земаат нов замав. Лизбет Саландер и Микаел Блумквист ја продолжуваат својата борба за вистината и правдата што возбудува милиони читатели низ целиот свет…

Нема залиха

Детали за достава

Достава за 3-5 работни денови .