Туѓо тело

180.00 ден

Виктор е млад и перспективен маж, образуван на престижниот универзитет МИТ во САД, вљубеник во планините и алпинизмот. Има намера да го освои Монт Еверест, но пред неговата желба се испречува еден чуден проблем. Силни главоболки и вртоглавици од необјаснива природа. Лекарските наоди исклучуваат какво било присуство на болест, а сепак Виктор е спречен да функционира нормално. По многубројни прегледи, лекарите откриваат чудно тело во најнедостапниот дел во неговата глава. Туѓо тело од неуништлив материјал. И во тој момент нештата се комплицираат.

Најновото прозно остварување на писателот Владимир Плавевски, краткиот научно-фантастичен роман „Туѓо тело“, ги растегнува границите на егзактното, пропуштајќи ја мистеријата да ја преземе целосната контрола во нарацијата, овозможувајќи им на читателите комплетно читателско уживање во еден здив.