Детали за достава
Достава за 3-5 работни денови .
150.00 ден
Поуки на Православната Црква за бракот и семејството
Смислата на бракот е во причинувањето на радост. Се подразбира дека брачниот живот е најсреќен, најпотполн и најбогат. Тоа е совршена Божествена установа. Божествената замисла се состои во тоа бракот да донесува среќа, животот на мажот и
жената да ги прави потполни, за никој од нив да не загуби, туку и двајцата да победат. Ако бракот сепак не е среќен и не го прави животот побогат и потполн, вината не е во брачната врска, вината е во луѓето што се соединиле во неа.
Првата лекција која човекот треба да ја научи и исполни е трпението. На почетокот од семејниот живот се откриваат, како доблестите на карактерот, така и недостатоците и специфичноста на навиките, вкусот и темпераментот, за кои другата
половина не ни претпоставувала дека постојат. Понекогаш се чини дека е невозможно да се навикнат еден на друг, дека конфликтите ќе бидат вечни и безнадежни, но трпението и љубовта совладуваат сè, и двата живота се слеваат во еден, поблагороден, посилен, попотполн и побогат, и тој живот ќе се продолжи во мир и спокојство.
Родителите треба да бидат такви, какви што сакаат да ги видат своите деца – не на зборови, туку на дела. Тие мора да ги учат своите деца по примерот на својот живот. Родителите не треба да се срамат да си играат и да прават палавштини заедно со децата. Можеби токму тогаш се поблиску до Бог, отколку, како што тие мислат, кога извршуваат некоја важна работа.
И во нашиот неморален свет младата жена може да ја зачува неизвалкана својата душа, блескајќи со света несебична љубов. Срцето на младиот човек треба да ликува ако има убава благородна сестра, која има доверба во него и го смета за свој заштитник, советник и другар. А сестрата треба да се радува ако братот станал силен маж, кој е способен да ја заштити од животните бури.
Помеѓу братот и сестрата треба да владее длабоко, силно и блиско пријателство и тие мора да имаат доверба еден во друг. Меѓу нив и мориња и континенти нека се испречат – нивната љубов секогаш треба да остане верна и силна. Животот е премногу краток за да го трошиме на борба и кавги, особено во светиот круг на семејството…
Света царица-маченица Александра Романова
Нема залиха