Детали за достава
Достава за 3-5 работни денови .
200.00 ден
Старец Виталиј
Опишувајќи го духовниот живот на христијаните, отец Виталиј на својот духовен син му напишал: „Бори се и не се отстапувај со духот. На фронтот не може да биде без ранети, така е и со душата.“
„Со каков страв и трепет сме должни да пристапиме кон Телото и Крвта Христови, Синот Божји! Немојте да мислите дека сте постеле една недела и веќе сте достојни за Причест. Подготвката не се состои во тоа да не пропуштиме ниту една служба, лажицата да не ја допреме до маслото, да се воздржуваме од храна, – потребно е внатрешно очистување: да немаме гордост, суета, непокорност, лошите мисли ни за момент да не се задржуваат во душата. Со примањето на Светите Тајни се осветува душата и телото, со нив Бог е присутен и во нас.“
„Моли се, за оние кои те клеветат, тие се твои пријатели, поради нив Господ ќе ти даде венец, а ако ропташ и со тоа самиот клеветиш, се лишуваш од венецот.“ По ова следува, избегнувај љубопитност, донесување судови и сѐ што е непотребно, што те засега. Секој ден подготвувај се себе си за искушение, за тага и секаква навреда, клевета и слично на тоа, знаејќи дека преку тоа доаѓа Божјата милост. Ако го претрпиш сето тоа ќе застанеш во редот на мачениците и без други подвизи ќе го задобиеш Царството Небесно.
Труди се секогаш да изговараш: “Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“. Сметај ги сите за свети, никого не осудувај, трпи страдања кои наидуваат и за жалостите и за радостите благодари му на Бога, принудувај се себе си да правиш добро, не очајувај, исповедај ги гревовите на Бога, смирувај се, сеќавај се на страдањата Христови,сеќавај се на смртта, труди се, извршувај ги послушанијата, и така ќе бидеш со Господа.
Не суди и не осудувај никого, инаку самиот ќе се осудиш. Не труди се да разбереш што другите мислат, работат, сплеткарат и кле ветат, пројди покрај сè: ѓаволот се труди да те расее и одвлече од молитвата. Мисли на Бога, запазувај ги Неговите заповеди, слушај го духовниот отец; од ближните примај го во својата душа само она што е добро, што е согласно со Божјите заповеди.