Кошничка -

0.00 ден
0
Избрано 0 продукти во кошничката.
Вкупно 0.00 ден
Добредојдовте на еШопинг.мк !

Кошничка -

0.00 ден
0
Избрано 0 продукти во кошничката.
Вкупно 0.00 ден

Животинска фарма

шифра N/A
Цена

199.00 ден

Еден ден животните на фармерот Џонс креваат бунт и го прогонуваат земајќи ја судбината во сопствени раце. Превратот е раководен од свињите, самопрогласени за најумни меѓу своите собраќа. По спроведената животинска револуција следува чекор кон она што е својствено за сите револуции – кон тоталитаризмот. Идеалите се претвораат во демагогија, соперниците на власта сурово се отстрануваат, се измислуваат внатрешни непријатели за оправдување на насилството, се спроведува систематска дезинформација и манипулација на мислењето, се фалсификува историјата… Оваа промена на вредностите е блескаво изразена во паролата „Сите животни се еднакви, но некои животни се поеднакви од другите“.

Напишана во 1944 година, сатиричната антиутопија Животинска фарма била директно вперена против сталинистичкиот режим, но е еднакво важечка за секој систем во кој се поткопува личната слобода. Преведен на над 60 јазици и објавен во милионски тиражи, ова е роман кој никогаш не ја губи својата актуелност.

„Животинска фарма е мудра, емпатична, беспоштедна и просветлувачка басна за нашето време.“ Њујорк тајмс

Количина:
Категорија

Vendor Information

Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина.