Девет

350.00 ден

Саво Николиќ, познат дизајнер, на деветгодишна возраст падна на глава и доживеа тежок потрес на мозокот со целосно губење на помнењето.

Триесет години подоцна сплет од драматични случувања предизвикува помнењето постепено да почне да му се враќа, сè додека не наврши девет години, вторпат.

Славимир Стојановиќ Футро е белградски дизајнер, визуелен уметник, креатор на лајфстајл-брендот Футро и автор на серијалот детски сликовници „Авантурите на Синги Лумба“. Неговите проекти во доменот на дизајнот имаат добиено повеќе од 300 меѓународни награди. Добитник е и на наградата за животно дело на Здружението за пазарна комуникација на Србија. Ова е негов прв роман.

Shipping Continents: Европа


Достава од :: Македонија


Достава за 3-5 работни денови from Македонија


 

Начин на достава :

Доставата е од 2-7 работни дена , не вклучувајки викенди, доплата за достава на сите производи од оваа продавница изнесува 130 ден.


 

Refund Policy

Политика за враќање

Информации за Добавувачот