Детали за достава
Достава за 3-5 работни денови .
169.00 ден
Книгите „Рисот Ристе и пријателите од Африка“ и „Рисот Ристе и пријателите од Јужна Америка“ се корисна алатка за поттикнување на поголема интеракција и разговор меѓу детето и родителот со цел поголема едукација, информираност и градење на чувство на одговорност за своите постапки и за сопственото здравје, со посебен акцент врз здравата исхрана. Истовремено во книгата се провлекуваат морални пораки за истрајноста, упорноста, самодисциплината, помагањето, неоткажувањето итн.
Главната цел е да ја поттике љубопитноста кај децата, да ја разгори желбата за стекнување на нови знаења и да им помогне да израснат во здрави и одговорни личности. Истовремено делата имаат за цел и да влијаат врз создавањето и негувањето на чувството на припадност и идентитет, но и за прифаќање на различностите и пронаоѓање на заедничките особини со другите. Голем акцент е ставен на другарувањето, заедништвото, взаемното почитување и помагање.
Нема залиха