Детали за достава
Достава за 3-5 работни денови .
300.00 ден
Ретки се тие книги што уште од самиот пролог ти продираат до срце, те зграпчуваат како челична канџа од емоции и просто не ти дозволуваат да ја оставиш книгата. Премногу се ретки, да, но овде имаме една токму таква книга.
„Ќерката на дрвосечачот“ започнува во едно македонско село, пред повеќе од 30 години. Дана е сираче, нејзиниот татко дрвосечач загинува во шумска незгода, а од преголема љубов кон него и тага за неговата смрт, по само еден месец умира и нејзината мајка. Па така од нејзиното прекрасно семејство полно со љубов, останува само малата Дана, со вечно скршено срце. Грижата за неа ја презема семејството на братот на татко ѝ, но чичко ѝ и стрина ѝ си имаат свои три деца, свои грижи за гледање, па повеќе ја третираат како слугинка дома и само гледаат да приграбат сè што можат од наследството што ѝ е останато. Дана е прекрасен лик; кротка, мила, послушна, покорна, вредна и пргава – таа не зуцнува дури ни кога тие практично ја продаваат на еден богат пар во Скопје, за да им биде домашна помошничка. Ги голта солзите во себе, а однадвор и понатаму останува силна и истрајна.
„Ќерката на дрвосечачот“ е книга која раскажува за мајчинската љубов, за женската издржливост, за човечката злоба, за горчливоста на судбините.