Детали за достава
Достава за 3-5 работни денови .
290.00 ден
Во детството нештата не се секогаш такви какви што изгледаат на прв или на втор поглед: мајките и татковците понекогаш може да не се многу внимателни родители, бабите и дедовците не се секогаш заштитници кои знаат мудри и убави приказни, гуските не се секогаш вистински птици со пердуви, а ни самите деца не се вистинската верзија на себеси.
Преку необичен и автентичен светоглед, во романот „Диви гуски“ се раскажува приказна за едно детство кое е среќно како и сите други, а сепак и несреќно на свој начин. А приказната би можела да биде и сосем поинаква – доколку едни се сакале многу повеќе, а други се сакале малку помалку; доколку некои простории останале заклучени, а други отворени; доколку некои зборувале помалку, а други молчеле; доколку некои преживеале, а други умреле навреме…