ВО СЕНКАТА НА ЗЛОСТОРОТ

300.00 ден

На 7 март 1932 година во познатото шведско семејство Фон Сидов се одвивала крвава драма, која не престанала да го интригира вниманието на јавноста сè до денес. Толкав шок и интерес од пошироката јавност предизвикале само уште убиствата на шведскиот премиер Улоф Палме и на министерката за надворешни работи Ана Линд.

Во Стокхолм студентот по право Фредрик фон Сидов со железна прачка ги убил својот татко Јалмар, окружен судија и претседател на шведското Здружение на работодавците, и нивните две слугинки. Заедно со својата сопруга Софи избегал во хотел во Упсала, каде што, откако ги пронашла полицијата, со пиштол ја застрелал сопругата, а потоа и себеси.

Зошто го направил тоа? Убиствата со години биле главна тема во цела Скандинавија. Срамот на семејството бил голем, тие биле „фини“ и за такви работи не се зборувало јавно. Општествен скандал било најлошото што можело да се случи на некое шведско семејство од повисоката класа.

Убиецот бил вујко на авторката Хелена Хеншен, која имала 15 години кога се случиле бруталните и никогаш докрај разјаснети убиства. Обидувајќи се да го сфати она што мајка ѝ никогаш не можела да ѝ го раскаже, Хеншен со ова дело го прекинала молкот, а како резултат на тоа пред читателите е еден силен и импресивен роман.

„Во сенката на злосторот“ е награден со наградата на читателите на списанието „Ви“ и со Наградата за литература на Европската Унија во 2009 година.

Детали за достава

Достава за 3-5 работни денови .